„Бон Џови“ во Холот на славните


САД– Легендарната поп-група „Бон Џови“ синоќа се обедини заради почеста во рок енд рол холот на славните во Кливленд. Џон Бон Џови, Ричи Самбора и Алек Џон Сач им се придружија на останатите членови Давид Брајан, Тико Торес и Хју Мекдоналд во моќните настапи на хитовите кои ја обележаја нивната кариера “You Give Love a Bad Name” и “It’s My Life.” Самбора ја напушти групата во 2013 година, а Сач во 1994 година.

„Бон Џови“ досега има продадено над 130 милиони албуми. 33. церемонија за влез во Холот на славните му оддаде почит и на Том Пети кој почина лани на 66 години.

Годинава за влезот во оваа институција беа номинирани 19 поединци и групи, меѓу нив и „Радиохед“ кој не успеа да влезе. За избраните гласаат над 1000 поединци-пејачи, музички историчари и експерти од музичката индустрија. И фановите гласаат на сајтот на Холот на славните.