Бонтон на работното место: Лето во канцеларија


САД– Летото е полно со нешта што ни го привлекуваат вниманието, но разголената кожа на колегите не треба да биде една од нив.

Формалноста на облеката за во канцеларија често се намалува со покачувањето на температурата. Секое работно место е различно и некои се многу поопуштени за разлика од други, но немојте да се залажувате дека никој нема да го осуди вашиот изглед. Осигурете се дека со облеката ја испраќате правилната порака, вели Ана Пост, портпаролка на институтот “Емили Пост” организација основана во 1946 година со седиште во САД која се занимава со општествените проблеми како бонтон на работното место и одгледување љубезни деца.

За жените, колку повеќе кожа покажувате толку помалку ќе можете да влијаете. Дали навистина сакате да се трудите многу за да бидете почитувани од вашите колеги и шеф?

Изгледајте професионално така што ќе комбинирате сезонски парчиња со потенки класични парчиња. Комбинирајте капри панталони со тенко сако и сандали со фустани на преклоп.

Доколку не работите во некоја конзервативна канцеларија која го бара точно тоа, хулахопките и чорапите можат да се остават во фиока. Разголени нозе со здолниште со должина до колениците е најсоодветно за во канцеларија во 21 век.

Исто така, избегнувајте проѕирни материјали, кратки здолништа, шорцеви, ликра и голо стомаче.

За мажите, додека на некои работни места шорцевите се дозволени, нема ништо понесоодветно за во канцеларија во поголемиот дел од работните места.

Кога се двоумите, панталони од кафеавожолта ткаенина и маици со јака се добар избор. Тие се професионални а воедно и удобни. Не заборавајте да ставите ремен.

Сандалите за мажи се чудни. Доколку сандалите се дозволени во вашата канцеларија, осигурете се вашите нозе да изгледаат, но и да мирисат добро.

Иако температурата надвор е висока во многу канцеларии е ладно. Затоа чувајте си тенок џемпер на работа за да не ви студи наутро. Збрчканото е многу тешко да се избегне, но да се биде чист и среден е поважно.

Доколку се појавите во збрчкани панталони и избледена маица, исто како, да одите во теретана.

Наочарите за сонце се неизбежен детал за во лето, но тие се за надвор. Секогаш треба да ги гледате колегите и муштериите во очи и затоа извадете ги наочарите кога влегувате на вашето работно место.

Дами, наочарите за сонце не се замена за стегач за коса затоа тргнете ги целосно во канцеларија. Апостолките деконцентрираат, бучни се и вашето стапало е целосно откриено.

За мажите, размислете добро пред да ставите летни чевли без чорапи.

Иако секогаш е прифатливо да се облекувате подобро од барањата на компанијата во која работите, сепак држете се до правилата за да не отскокнувате многу од вашите колеги. Со различните дрес кодови, секојдневна облека има различно значење во различни компании. Има едно прашање кое треба да си го поставите пред да облечете нешто: “Доколку неочекувано треба да се состанам со клиент или со главниот извршен директор, дали би го облекла ова?”.

Немате дрес код? Побарајте го.

Колку попрецизен ви е дрес кодот, полесно е да одлучите што да облечете и ќе имате повеќе време да фантазирате за вашиот летен одмор на плажа.