„Бомбите“ ќе се користат како докази во „Титаник“


Апелацискиот суд  одлучи прислушуваните разговори, односно „бомбите“ да се користат како докази во судската постапка во случајот за изборни нерегуларности „Титаник“. На тој начин 1.063 разговори влегуваат во судската постапка против поранешни функционери, меѓу кои Никола Груевски, Мартин Протугер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска. Одговараат вкупно 21 лице. Тие се товарат за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година. На вчерашната седница присуствуваа Јанакиевски и Јанкулоска, кои тврдеа дека разговорите се незаконски прибавени и не смеат да се користат во судска постапка, како и оти веќе биле амнестирани од претседателот Ѓорѓе Иванов. СЈО поднесе жалба откако Кривичниот суд на 20 октомври ги отфрли „бомбите“ како доказ за „Титаник“.