Богатите Британци – побогати, сиромашните – посиромашни


Приходите во најбогатите домаќинства во Велика Британија растеа минатата година, додека најсиромашните семејства станаа уште посиромашни.
Ова го зборуваат податоците за распределба на приходите на британската Канцеларија за национална статистика.
Од нив се гледа дека просечниот приход на најсиромашната петтина на населението се намалиле за 1,6 отсто, главно поради падот на просечната вредност на паричната накнада.
Просечниот приход на најбогатата петтина, од друга страна, зголемен е 4,7 отсто, главно поради зголемување на платата.
Во тек на подолг период, просечниот доход на најсиромашната петтина пораснал за 11,6 отсто од 2008 година, додека приходот на најбогатата петтина пораснал за 4,9 отсто во истиот период“, додаваат од Канцеларијата за национална статистика.
Тоа делува добро, но, зголемувањето на 11,6 отсто на малиот куќен буџет е многу помало од зголемувањето за 4,9 отсто во паричникот на градските банкари.