Бит фест: Незаборавна рок симфонија со домашни и регионални ѕвезди
Битолскиот камерен оркестар и овојпат ги надмина очекувањата на многубројната публика за време на Роксимфонијата која се одржа синоќа а
ракометното игралиште во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето.
Најпопуларниот и најбараниот проект на Камерниот Оркестар на Битола – Rock Symphony и прекрасните музички изведби на Ненад Милосавлјевиќ – Неша од „Галија“ и дел од неговите пајпопуларни хитови, Михајло Трајковски – САК, Арбен Бени Шаќири, Петар Младеновски – Пеце од „Суперхикс“ и Жарко Јакимоски, атмосферата ја подигнаа на највисоко ниво.
Силни впечатоци, одлична забава и вечер за паметење за повеќеилјадната публика која синоќа се забавуваше на овој прекрасен настан на Битолското културно лето.