Биографот на Леди Дијана пишува мемоари и за Меган Маркл


Англија– Во јавноста протекоа деталите од мемоарите за идната принцеза Меган Маркл која ќе се мажи за принцот Хари на 19 мај. Автор на биографијата е Ендру Мортон, кој претходно се прослави со книгата за леди Ди.

Се знаеше дека поранешната актерка, а сега најпопуларната идна невеста, Меган Маркл, ненадејно одлучила да се разведе од првиот брак.Толку многу и се брзало да го заврши бракот, што свршеничкиот прстен и бурмата ги испратила преку пошта до својот поранешен сопруг.Имено, Меган била во брак со своето долгогодишно момче, продуцентот Тревор Енгелсон.Сепак, бракот не траел долго, само две години поминале заедно, а во 2013 година актерката се развела – поради непомирливи причини.

Ова се познати детали од нејзиниот поранешен живот, но сега се појавија деталите кои се запишани во мемоарите.Имено, по потегот со поштенската испорака, нејзиниот сопруг бил многу вознемирен и бесен.

Авторот на биографијата, Ендру Мортон изјави дека пријателите кои биле блиски до парот знаеле дека Меган и Тревор многу тешко го поднесуваат фактот што таа се преселила во Торонто за да може да работи на серијата „Suits”, која и ја прослави.Сепак, парот извесно време се трудел да го одржи бракот „на далечина“.

Бидејќи тоа не одело добро, таа ги испратила прстените, а многу брзо адвокатите го завршиле својот дел од работата.

Мортон во книгата ја опишува Меган Маркл како комплексна личност. Таа отсекогаш сонувала за тоа да стане принцеза, а желбата ’ била да стане како Дијана, изјавила нејзина блиска пријателка од училиште. Мортон открил и дека Меган се ослободила од сите блиски луѓе во својот живот кои не одговараат со нејзиниот моментален социјален и професионален статус.

Кралското семејство се уште молчи за новата биографија.