„Билборд“: Аријана Гранде е жена на годината


САД- Музичката индустрија годинава и оддава признание на Аријана Гранде. „Билборд“ ја именува 25-годишната пејачка за жена на годината.

Во изјава, заменик претседателот на „Билборд“, Рос Скарано, посочува дека „Гранде постојано се залага за себе и за нејзините одлуки во свет кој често не е наклонет за таква сила кај млади жени”.

Во изминатата година, Аријана Гранде се најде на топ 40 листата на „Билборд“ со хитови како „No Tears Left To Cry”, „Breathin“ и „God Is A Woman”.

Лани таа помогна да се организира концертот „Една љубов Манчестер“, собирајќи повеќе од 23 милиони долари за жртвите од масакрот во Манчестер.

Наградата на Аријана Гранде ќе и биде врачена на 6 декември во Њујорк, на 13. церемонија Жени во музиката во организација на „Билборд“. Меѓу претходните добитнички на признанието се Тејлор Свифт, Лејди Гага, Мадона и Селена Гомез.