(Фото) Бидете филмска дива: Фустани кои асоцираат на лето


Франција– Трендови доаѓаат и заминуваат, ама женственоста е вечна. Ѕирнете во продавниците и изберете модели кои во еспадрили и со мачкести очила за сонце ќе ве претворат во дива!

Претворете се во филмска сирена на златното доба на Холивуд и здодевните, тренди парчиња заменете ги со романтични пролетни фустани со ретро призвук.

Штом ќе ги облечете овие фустани, ќе се чувствувате како Елизабет Тејлор на летување во Портофино, Софија Лорен и Џоан Колинс во Кан или Брижит Бардо на плажите на Сен-Тропе.

Туфни, пруги, цвеќе, нежни бретели, копчиња, пуф ракави, карнери или женствени кроеви е она што се бара во постигнувањето на изгледот на шармантна дама која сосема случајно заталкала во 2018 година.

Ваквите фустани е едноставно да се носат-одлично изгледаат со еспадрили, патики, јапанки или платформи.