Белата куќа не соопшти дали Трамп ќе стави вето на законот за деблокада
Белата куќа не соопшти дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе стави вето на законот во Сенатот со кој ќе се одблокира работата на Владата до 8 февруари, при што би продолжиле преговорите околу неговото барање за изградба на ѕид на границата со Мексико.
Портпаролката на Бечата куќа, Сара Сандерс одби да каже дали Трамп ќе го потпише законот.
Таа одби да влегува во претпоставки околу законот, кој помина во Претставничкиот дом, контролиран од демократите и за кој утре треба да се изјасни Сенатот, каде мнозинство имаат републиканците.