(Фото + Видео) Белата куќа во новогодишно руво


САД- Белата куќа, за вториот Божик на Трамп, блесна во новогодишно руво-во црвена боја и во духот на патриотизмот. Оваа година темата е “Американски богатства “ и го слави уникатното наследство на САД.

Главното фоаје и хала се украсени со дрвја на кои се поставени кристални лампиони и лажен снег. Црвената соба има помало новогодишно дрвце и украс околу каминот.

За украсувањето на Белата куќа во Вашингтон, беше задолжена првата дама Меланија Трамп.

На своите профили на социјалните мрежи, Првата дама на САД сподели фотографии и видеа од празничната атмосфера. Додека ги покажуваше елките и лампионите, таа беше облечена во стилска комбинација со палто од Стела Мекартни.

„Ова е радосен период од годината кога ја декорираме Белата куќа за божиќната сезона. Нашата тема им оддава чест на срцето и духот на американскиот народ. Им благодарам на многуте волонтери и персоналот кој работеше напорно. Во име на моето семејство, им посакувам на сите Среќен Божиќ и Среќна Нова година“, вели во соопштението Меланија.