Барса најде замена за Иниеста


Полудефанзивецот на Лацио, Луис Алберто, може да премине во Барселона, објави „Газета Дело Спорт“.
Раководството на Каталонците го сметаат 25-годишниот играч за солидна замена за Андрес Иниеста, кој ќе го напушти тимот во текот на летото.
Шпанецот ќе ја чини Барса најмалку 30 милиони евра. Оваа сезона Луис Алберто одигра 44 натпревари во сите натпреварувања и забележа 10 гола и 16 асистенции.
Во сезоната 2012/13 играше за резервниот тим на Каталонците и запиша 38 натпревари со 11 гола.
Потоа се пресели во Ливерпул, каде што не доби шанса и беше изнајмен последователно во Малага и Депортиво Ла Коруња.
Во 2016 година, Лацио го купува Алберто за околу четири милиони евра. За репрезентацијата на Шпанија има одиграно еден натпревар.