Ајткенхед: Британците се уште немаат докази дека „Новичок“ бил произведен во Русија


Раководителот на британскиот воен истражувачки центар Гери Ајткенхед изјави денеска дека уште не може со сигурност да се тврди дека нервниот агенс, со кој беше нападнат двојниот шпион Сергеј Скрипал, бил произведен во Русија.

– Утврдивме дека се работи за „Новичок“, воен боев отров. Уште не го идентификувавме прецизниот извор, но на Владата и ги доставивме информациите, кои  таа ги искористи и со други извори ја состави сложувалката и донесе заклучок, истакна Ајткенхед.

Тој додаде дека ќе продолжат со истражување на информациите за да го расветлат случајот.

Москва негира дека стои зад нападот кој предизвика најголема дипломатска криза и протерување дипломати по Студената војна.