Асоцијација на архитекти: Поддршка за изградбата на нов Клинички центар


Асоцијацијата на архитекти на Македонија соопшти дека ја поздравува одлуката на Владата и Министерството за здравство со која, како што наведува, конечно се разреши дилемата околу изградбата на новиот Клинички центар.

– Истовремено изразуваме целосна поддршка за определбата на Владата, новиот клинички центар да се гради на друга локација, надвор од центарот на Скопје, што беше заложба на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, како и на неколку генерации врвни архитекти пред нас, кои се залагале за изградба на еден, нов модерен клинички центар по сите светски стандарди, стои во соопштението.

Од Асоцијацијата изразуваат задоволство што при донесувањето на ваквата одлука на Владата биле земени предвид и мислењата и сугестиите на стручната јавност. Се надеваат дека оваа соработка при носењето важни одлуки за унапредување на урбаниот простор на Република Македонија ќе продолжи и во и