Аронофски открива за последната епизода од „Непознати делови“: Бурден учествуваше во древниот ритуал на смртта


САД-Телевизискиот готвач Ентони Бурден зборуваше за сопствената смртност и учествуваше во древниот ритуал на смртта во последната епизода од неговата емисија „Непознати делови“, која се емитуваше околу две недели по неговото самоубиство.

Епизодата, која се емитуваше во неделата, го следеше познатиот готвач и неговиот пријател, режисерот Дарен Аронофски, низ Бутан во Јужна Азија, каде тие јадеа со традиционални одгледувачи на биволи на Хималаите и вечераа во главниот град Тимпу, пишува „Итер“.
Во една од сцените, еден човек ја објаснува религијата на земјата, бутанскиот будизам, бидејќи нешто треба да ги потсетува луѓето дека одвреме-навреме не треба да ги сфаќаат работите премногу сериозно. Сето ова е, свусшност, илузија.“

Бурден на ова одговара: „Животот е само сон.“

„Се смета за просветлувачко и терапевтско да се размислува за смртта неколку минути дневно“, раскажува тој во сцена со неверојатни планински пејсажи.

Во една статија за „Си-Ен-Ен“, режисерот на „Црниот лебед” Аронофски се осврна на значајната природа на заедничките патувања со покојниот готвач.

„Сега се чини иронично дека на нашиот последен ден од снимањето извршивме бутански ритуал на смртта“, пишува Аронофски. Ние дебатиравме за судбината на земјата, за судбината на светот. Тој беше збунет од тоа како бескрајната глад на човештвото за консумирање може да се ограничи“.

Снимките за последната епизода беа снимени пред околу шест месеци, а екипата веќе почна да снима за 12-тата сезона. Не е јасно дали и како телевизиската мрежа планира да ја пушти во етер.
Бурден беше пронајден мртов овој месец во хотелска соба во Кајерсберг, Франција, каде што снимал епизода за емисијата. Тој имаше 61 година.