Анџелина Џоли во седиштето на НАТО: “Додека постои сексуално насилство, нема да има мир во светот”


Белгија- Холивудската глумица и активистка, Анџелина Џоли и шефот на НАТО, Јенс Столтенберг се сретнале денес во седиштето на Алијансата во Брисел, Белгија и разговарале за борбата против сексуалното насилство над жените и децата. Глумицата изјавила дека доколку постои сексуално насилство, нема да се постигне мир.

“Силувањето се употребува како оружје за остварување на политички и воени цели”, изјави Џоли која е дел од УНХЦР. Според нејзините зборови, таа тврди дека нема да има мир, додека постои сексуалното насилство.

“Ќе се фокусираме на обука, известување, следење и ширење на совеста за тоа, како начин да се стави крај на неказнивоста”, рече Анџелина.

Исто така, Анџелина Џоли повика да се стави крај на војната во Сирија, откако се сретна со сириските бегалци во кампот за бегалци во Јордан и инсистираше на политичко решение за граѓанската војна со Сирија. Таа истакна дека хуманитарната помош не е долгорочно решение. Џоли обелодени дека Обединетите Нации добиле мала помош од онаа која што била побарана, а оваа година добиле само 7 % од побараната сума.