Анкета: 68 отсто од Грците се против употреба на терминот Македонија


68 отсто од Грците се противат на употребата на терминот Македонија во името на Република Македонија. Ова се податоците од истражувањето на агенцијата „Марк“ објавено во весникот “Протома”.

23,6 проценти од испитаниците се согласуваат во името да го користат терминот Македонија. 63.8 отсто од избирачите на владејачката партија на премиерот Алексис Ципрас СИРИЗА се против употребата на терминот Македонија во името на западната ни сосед.

Меѓу приврзаниците на опозициската Нова демократија овој процент е 67 отсто, покажуваат резултатите од анкетата објавена од агенцијата “Марк