Анегрет Крамп Каренбауер и Фридирх Мерц продолжуваат во втор круг на изборот за претседател на ЦДУ


Актуелната генерална секретарка на владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) Анегрет Крамп Каренбауер и  поранешниот координатор на пратеничката група на демохристијаните во Бундестагот, Фридирх Мерц добија најмногу гласови на партиската конвенција, на која се избира наследник на Ангела Меркел.

Од вкупно 999 претставници, Крамп Каренбауер доби 450 гласови, а на второ место е Мерц со 392 гласа. Од трката испадна министерот за здравство Јенс Шпан, кој доби 157 гласови.

Крамп Каренбауер пред гласањето изјави дека ЦДУ мора да ја задржи својата позиција на „последен еднорог во Европа”. Таа, исто така, заборуваше и заа нејзиниот прекар „мини-Меркел”. – Луѓето ме сметаат за „мини”, копија,  едноставно „иста во друго пакување”, но можам да ви кажам дека стојам тука како своја личност, како јас, рече таа.

Мерц, поранешен претседател на ЦДУ, кој во неколку наврати вети дека ќе ги врати гласачите од екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), рече дека тоа што АфД е најголемата опозициска партија во Германија е „едноставно неподносливо” и мора да се промени.

– Тоа не е закана само за нашата способност да формираме парламентарно мнозинство, туку во прашање е и самата стабилност на нашата земја, рече тој. – Потребна ни е промена на стратегијата во однос на нашите конкуренти и во однос на комуникацијата со луѓето во нашата земја, рече Мерц пред гласањето.

Вториот круг од гласањето ќе се одржи во текот на денешниот ден.