Ангеловски пред Летонија: Да одиграме максимално и да победиме


Репрезентацијата на Македонија ги заврши подготовките за стартот на квалификацискиот циклус за ЕП 2020, а пред утрешниот натпревар со Летонија, селекторот Игор Ангеловски очекува тимот да биде на нивото од минатите натпревари и да оствари победа.

– Очекувам да одиграме максимално и да оствариме победа. Ние сме подготовени. Јас кажав дека е задоволство да се работи со овие момци, и најдоброто издание го очекувам во следните натпревари. Длабоко верувам во нив и допрва од нив ги очекувам најдобрите натпревари. Јасно ми е на мене и на фудбалерите дека нема лесни противници и така ќе играме на секој натпревар. Најсилното оружје на Летонија се прекините и тие воздушни дуели, и мора да внимаваме на тие сегменти. Постојат и слабости, и се надевам дека ќе ги искористиме, изјави Ангеловски на денешната прес-конференција.

Натпреварот Македонија – Летонија се игра утре на Градскиот стадион во Скопје со почеток од 20:45 часот.