Американскиот министер за одбрана подготви план за воена акција за Сирија
Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис денеска изјави дека е подготвен да му достави на претседателот план за воена акција за Сирија.
– Се уште анализираме податоци на разузнавањето и на нашите сојузници, се уште работиме на тоа, изјави Матис.
– Подготвени сме да обезбедиме воени опции ако тоа е прифатливо за претседателот доколку се одлучи на таков чекор.