Алба: Сакам да ја завршам кариерата во Барселона
Фудбалерот на Барселона, Жорди Алба има желба својата кариера да ја заврши во каталонскиот клуб. Договорот на 29-годишниот Шпанец со актуелниот шпански истекува во 2020 година.
Не знам што мисли клубот за мене, но сето ова е чудно, бидејќи нема многу време до крајот на договорот. Би сакал да ја завршам кариерата во Барселона. Но, ќе видиме кои се намерите на самиот клубот, вели Алба.
Тој е член на Каталонците од 2012 година. Како дел од Барселона стана шампион на Шпанија четири пати, а ја има освоено и Лигата на шампионите.
Оваа сезона, Алба одигра 18 натпревари за Барселона, постигна два гола и забележа шест асистенции.