Албанските студенти продолжија со протестите
Иако во помал број поради многу студеното време во Албанија, група студенти денеска одново се собра пред албанската Влада за да протестиратаат, затоа што,како што порачаа, не веруваат на ветувањата на премиерот Еди Рама.
– Пред Нова година премиерот вети дека ќе бидат исполнети сите наши барања, но тоа е само делумно бидејќи на унверзитетите нема никаква измена во висината на тарифите. Таму се уште важат старите тарифи, како за запишување на година, така и за полагање на заостанати испити. Има обиди да се почне со настава, но поради минималниот одѕив на студенти наставата се уште е блокирана, велат од организацискиот одбор на студентските протести.
Одборот посочува дека кон нивните веќе познати осум барања сега додаваат уште едно, а тоа е целосно укинување на Законот за високо образоване.
Тие денеска протестираа и пред претседателката резиденција, како и пред Амерканската амбасада, каде извикуваа дека треба да им се помогне со „тегнење на ушите на Рама“.
Премерот Рама реагираше преку Твитер, велејќи дека оние „што го дегенерираат протестот“ сега се обидуваат да ги дезинформираат студентите. При тоа тој повторно им укажува на студентите колку и што треба да плаќаат.
Инаку, денешниот е 34 ден на студентските протести, кои беа прекинати порад божиќните и новогодшни празници, а беа обновени вчера.