Алаѓозовски: Јас сум министер за култура додека Собранието не изгласа поинаку
Што се однесува до Годишната програма за установите и институциите од Куманово, конкретно за театарот, министерот Алаѓозовски рече дека не се согласува со констатацијата дека се доделени малку средства за кумановскиот театар.
– Комисијата многу внимателно ја носеше таа одлука и нејзината одлука беше поткрепена на кондицијата на самата куќа, капацитети, на можностите, состојбите, за што се разбира дека членовите на комисијата, кои беа врвни познавачи на театарот и театарските услови ја донесоа одлуката, изјави Алаѓозовски.
Тој истакна дека Куманово не е заборавено, и дека во иднина ќе продолжат со континуитет културни политики.
– Смената на министерското место не значи ништо, ниту напред ниту назад во однос тие политики. Цврство опстојуваме да ги реализираме сите планови, а тука на Куманово му должиме, но Куманово во претстојниот 500-годишен јубилеј посебно ќе биде поддржан во Буџетот за 2019 година, со цел што подостојно и повеличенствено да направи исчекор, имајќи предвид дека станува збор за значаен јубилеј за одбележување на своето постоење, изјави Алаѓозовски, на новинарски прашања.