Џесика Алба по две ќерки роди син

САД- Џесика Алба го доби најубавиот новогодишен подарок. Славната актерка го роди третото дете на 31 декември, па јасно е како таа ја дочека Новата година.

Шармантната холивудска ѕвезда и нејзиниот сопруг Кеш Ворен ја споделија среќната вест преку фотографии од новороденото синче. Бебето го доби името Хејз Алба Ворен.

Алба и Ворен стапија во брак во 2008 година. Нивната прва ќеркичка Хонор се роди истата година, додека Хевен дојде на овој свет во 2011 година.