Џафери упати честитка по повод верскиот празник Богојавление – Водици

Претседателот на Собранието на РМ, денеска упати честитка во која на православните христијани им го честиташе верскиот празник Богојавление – Водици.

„Ми причинува особена чест од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, и од мое лично име, на сите верници од христијанска вероисповед да им го честитам христијанскиот празник Богојавление – Водици. Овој празник, како и сите други празници, се моменти во кои се сплотуваат луѓето и споделуваат добри мисли, взаемна почит, разбирање и љубов. Нека вашите срца и вашите домови бидат исполнети со духовен мир, семејна топлина и убави желби за напредок во секоја димензија“, стои во честитката на Џафери.