Јувентус му избега четири бода на Наполи во борбата за „скудетото“


Италијанскиот шампион Јувентус победи со 2:0 дома против Аталанта во одложениот натпревар од 26. коло на Серија А.

Во првото полувреме „старата дама“ го отвори резултатот во 29-тата минута преку Гонзало Игуаин, што беше негов осми гол во десет натпревари против Аталанта.

По паузата Јуве пропушти неколку шанси да постигне втор погодок, додека гостите ги фокусираа сите свои сили во нападот. Меѓу 78-та и 79-тата минута, сепак, младиот Џанлука Манчини доби два брзи жолти картони и Аталанта остана во намален состав. „Бјанконерите“ веднаш ја искористија предноста и во 81-та минута Матуиди ги постави конечните 2:0.

Со победата, Јувентус собра 74 поени и веќе има четири предност пред вториот Наполи. Аталанта пак останува на осмата позиција со 41 бод, на шест од зона Лига Европа.