Јувентус го совлада Удинезе и се врати на врвот од табелата


Јувентус на домашен терен го совлада Удинезе со 2:0, а Пауло Дибала беше стрелец на двата гола.

Дибала во 20.минута постигна гол од слободен удар и донесе водство за Јувентус од 1:0. Само 15 минути подоцна врз Дибала беше направен прекршок за пенал, но Гонзало Игуаин не успеа да реализира од белата точка.

Во четвртата минута од второто полувреме Игуаин му асистираше на Дибала, кој го постигна својот втор гол и ги постави конечните 2:0.

Јувентус со оваа победа повторно е на врвот на табелата со еднаков број поени колку и Наполи, но со многу подобра гол разлика.