Јадран филм: Се е чисто околу „Македонија“


Јадран филм во врска со пријавата од Управата за финансиска полиција во соопштение до јавноста наведува дека Агенцијата за филм на Управата за финансиска полиција дала погрешни и лажни податоци. – Агенцијата не го пресметала вкупниот износ за продукцијата на серијата туку износот од 80 отсто од средствата намален за средствата кои се одземени од сметката на Јадран филм врз основа на незаконита одлука на в.д. директорот, па истата вака фалширани податоци ги дала на Финансиската полиција па со проста математика пресметала дека тоа е 65 отсто од средствата потрошени надвор од Македонија, што е сосема погрешна манипулација од страна на Агенцијата спротивно на Ревизискиот извештај и се оваа злоупотреба на факти се гледа на прв поглед, се наведува во соопштението. Оттаму додаваат дека ревизијата потврдува наменско трошење и оти за секој денар постои договор и не постои ниту еден единствен начин на ненаменско трошење на средствата. – Службената ревизија јасно го потврдува дека сите средства се трошени наменски и се потрошени за продукција на серијата. Со измами се служи само и единствено Горјан Тозија, наведуваат во соопштението. Појаснуваат дека презентирање потполно лажни бројки поврзани со трошок на средства за снимање во странство – согласно договорот и законот – дозволено е да се потрошат 35 отсто од средствата во странство и тоа во потполност е испочитувано што, како што стои во соопштението, го потврдува и ревизорскиот извештај. Според нив се работи за намерен фалсификат, а не за заблуда или незнаење. – Кампањата спроведена од страна на уценувачот Горјан Тозија во соработка со група новинари со лажни тези и обид за притисок врз официјалните тела на РМ ги преминува сите граници гледано во светски рамки и резултира со подигање на кривична пријава од страна на Управата за финансиска полиција, наведуваат од Јадран филм.