Ѕанакопулос: Сложено име за севкупна употреба, рамка за решение


Врз основа на сложено ерга омнес име, може да се најде достоинствено, заемно прифатливо и одржливо решение на прашањето за името, а потребна е волја и од двете страни, вели портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, Ѕанакопулос уште еднаш ги повтори грчките позиции во разговорите за името.

– Од своја страна, грчката влада има изјавено кои се преговарачките позиции со кои настапува во конкретните разговори. Потребно ни е едно сложено име, кое ќе биде за сите употреби и ќе важи за сите. Мислам дека врз основа на оваа рамка, може да се најде достоинствено, одржливо и заемно прифатливо решение за кое сите работиме, рече Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите.