Шилегов ѝ подари штедна книшка на малата Теодора


Првороденото бебе во 2018 година во Скопје денеска доби штедна книшка со 20 илјади денари. Бебето и мајката на Клиниката за гинекологија и акушерство ги посетија министерот за здравство Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Градоначалникот Шилегов изјави дека традиционално на најмладата скопјанка, малата Теодора ` подариле мече и штедна книшка.

– Горд сум што можев да им го честитам на родителите нивното второ дете. Посакавме тоа мало девојче да израсне во голема девојка и да биде дел од Градот Скопје, истакна Шилегов.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека на среќните родители им го честитале второто дете во семејството и им посакале да расне здраво и ги викнат на првиот роденден.

На Клиниката за гинекологија и акушерство утринава се родиле вкупно 10 бебиња.