Швајцарска „мумија“ – предок на британскиот шеф на дипломатијата

Швајцарците деновиве дознаа дека нивната најпозната мумија има и добро познат роднина – британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон.

Утврдено е дека мумифицираните остатоци пронајдени во 1975 година, за време на обновата на готската црква Барфусеркирхе во Базел, и припаѓа на Ана Катарина Бишоф, сопруга на пастор која починала во 1787, соопшти базелскиот Природонаучен музеј.

Музејот во соопштениеото неведува дека ќерката на Бишоф, Ана Катарина Гернлер е прабаба на шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон. Бишоф живеела од 1719 до 1787. Нејзините остатоци содржат високо ниво на жива, што обично тогаш, па се до 19. век, се користела за лекување од сифилис.

Третманите со жива обично завршувале со смрт на пациентот, но кај Бишоф, тоа придонесло и за зачувување на нејзиното тело.

Џонсон од своја страна вели дека е среќен за откритието на семејните врски. – Доста сум возбуден поради вестите за мојата покојна пра-пра-прабаба, пионерка во грижата за сексуално здравје. Многу сум горд, напиша тој на Твитер.

Научникот Алберт Зинк во 1991 година стана познат по своите истражувања околу мумијата Еци, пронајдена на Ецталските Алпи, планинска верига во Италија и Австрија. Тој тогаш издвои ДНК од ножен прст на мумијата.

Пред две години беа пронајдени историски записи кои ја покажаа можната врска меѓу откриените и мумифицирани остатоци со жената на пасторот. Тоа и ја покрена потрагата по живите наследници, за да може направи ДНК анализа со користење примероци од плунка.

Само две ќерки од седумте деца на пасторот Бишоф преживеале, а една од нив никогаш немала деца, па така истражувачите успеаја да дојдат до наследникот, кој и денес живее во истиот град.

Преку анализата на плунката, идентитетот на госпоѓа Бишоф е потврден, и тоа со 99,8-отстотна сигурност.