Честитка за 8 март: Жаре Бербер со нова песна „Понекад“
Жаре Бербер, денес по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, на жените од регионот им ја подари својата нова песна со наслов „Понекад“. Песната е дело на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, и е поразлична од се што досега Жаре пеел. Романтична забавна балада со која ја раздвижуваат македонската но и регионалната музичка сцена.
„Песната e наменски направена за фестивалот „Сунчане скале“, пред некоја година. Но тогаш се повредив и наместо на фестивал со награда, завршив во болница на операција. 8 Март ми се виде како убав ден и празник за да ја промовирам оваа песна за која се надевам дека ќе си го најде патот до слушателите но и до гледачите, со оглед на тоа што во песната освен нас, се појавуваат и две убави дами“ – вели Жаре.
Видео спотот е дело на Томато Продукција и е снимен во околината на Скопје. Во него, главната улога ја има македонската манекенка Симона Станковска.
Освен во Македонија, песната ќе биде промовирана и во регионот.