Црногорскиот симфониски оркестар гостува во Македонската филхармонија


Црногорскиот симфониски оркестар, под диригентската палка на Григориј Краско, вечер ќе одржи концерт во Македонската филхармонија.

Како солист на концертот ќе настапи реномираниот гитарист Горан Кривокапиќ и ќе бидат изведени свитата „Слики од изложбата“ од М. Мусоргски, Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“ од Х. Родриго и „Танци од Галанта“ од З. Кодај.

Претходно, во Амбасадата на Црна Гора во Скопје ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу оркестарот на Македонската филхармонија и Црногорскиот симфониски оркестар.

Црногорскиот симфониски оркестар прв пат настапил на 14 декември во 2007 година во Цетиње.