Црна Гора: Тројца полицајци добија по 2,5 месеци затвор поради претепување три момчиња

Припадниците на Интервентната единица на црногорската полицијата, Младен Вујовиќ, Славко Фуртула и Марко Стојановиќ се осудени на два и пол месеци затвор поради претепување три млади лица во центарот на Подгорица на 16 февруари минатата година, објави ЦДМ.

Со оваа пресуда судијката на Основниот суд во Подгорица, Лариса Мијушковиќ-Стаматовиќ, ја прифати нагодбата со Основното јавно обвинителство.

За време на преговорите со Обвинителството им било понудено во замена за признавање вина полицајците да добијат по пет месеци затвор, што не би влијаело на нивниот натамошен ангажман и напредување во кариерата. Според прописите, полициски службеник што ќе биде осуден на шест месеци или повеќе, автоматски добива отказ.

Двајца полицајци Вукоман Мараш и Милош Бечановиќ не прифатија да преговараат со Обвинителството и ним ќе им биде судено во посебни постапки.

Полицајците на Интервентната единица се обвинети за претепувањет на момчињата Ј.Б., С.Н. и М.Д.

Полициските службеници се обвинети дека сториле кривично дело злоупотреба. За ова кривично дело е предвидена затворска казна од три месеци до три години.

Случајот стана актуелен откако медиумите објавија видеоснимка од безбедносни камери од еден од објектите.

На видеото се гледа како полицајците излегуваат од возилото и ги напаѓаат троите момчиња. Во текот на истрагата тие тврдеа дека момчињата претходно ги провоцирале и навредувале, и дека морале да реагира така бидејќи момчињата се спротивставиле на нивните наредби.

По објавувањето на снимката од овој инцидент, беше сменет шефот на Интервентната единица.