Царовска: Просечната пензија за една година е покачена од 13.954 на 14.445 денари

Порсечната пензија, од декември 2017 до декември 2018 година е порасната од 13.954 на 14.445 денари , посочи министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во вечерашното гостување на „24 анализа“.

„Во изминатата година докажавме дека пензиите растат и тоа ќе биде случај и оваа година. Пензионерите може да бидат апсолутно спокојни. Реформата која ја правиме е избалансирана, до неа дојдовме преку темелни анализи грижејќи се да не оштетиме никого. Со неа го намалуваме дефицитот во ПИОМ за 2 милијарди годишно, но без радикални мерки како замрзување на пензии или покачување на старосната граница“ – додаде Царовска.