Хрватска: Татко фрли четири деца од прв кат

Ужас во Хрватскиот островски град Паг се случи вчера, кога татко на возраст од 54 години ги фрлил своите четири деца, од кои две се тешко повредени.
Како што пренесува Index.hr сознанија од  радио Задар, фрлените деца се на возраст од три, четири, седум и осум години. Фрлени се од висина од шест метри.
Според информациите на радиото, се работи за проблематично семејство кое се доселило во Паг.
Според најновите информации, две деца се тешко повредени.
„по првиот преглед и објавените рентгенски снимки може да кажам дека две деца на возраст од 7 и 8 години добиле потешки повреди и тие се сместени во единицата за интензивна нега. Другите две деца на возраст од 3 и 4 години се со полесни повреди, но нивната состојба и понатаму се под лекарски надзор“, вели директорот на болницата за Zadarski.hr.
Полицијата соопшти дека таткото на малолетните деца е во притвор.