Хороскоп: Што предвидуваат ѕвездите денес
ОВЕН: Транзитот на Марс во Јарец го буди вашиот импулс за живот – сега е време за акција, затоа тргнете по своите идеали и борете се за своите цели. Соберете ги потребното знаење, алатки и таленти и појдете по она што го сакате.
БИК: Време е за емпатија – сфаќањето на емоционалната состојба на другата личност во форма на емпатија е центарот на целата човечка егзистенција. Изворот на спиритуалната сила и сетила, а особено можноста да се љуби. Среќа.
БЛИЗНАЦИ: Промена во еден, а константност во друг сектор – ги изразувате своите таленти, креативност и слобода. Со интензивни емоции започнувате потфат со кој ќе ги манифестирате своите дарби и специјалности. Традиција.
РАК: Несебична служба, пријателства и лојалност – сакате да отворите нови врати во животот и иако знаете дека веќе имате сè што ви е потребно, вие сепак сакате повеќе. Подготвени сте да се изразите себеси на нов начин. Шанси.
ЛАВ: Разновидни контакти, комуникација и состаноци. Сестран животен стил, со можности за експанзија и креативност – ја сфаќате својата желба да бидете признаени и да се искачите на социјалното скалило. Поддршка од пријателите.
ДЕВИЦА: Ревизија на старите аранжмани и поврзување со слични на себе, со кои ги потврдувате идеалите што ги криевте. Ова се идеи за животот и неговото значење. Верувате во новите концепти повеќе отколку досега. Другар.
ВАГА: Месечината во вашиот знак ја нагласува нерешителноста и отвора простор за страв, дилеми и сериозни размислувања. Сега ви се потребни филозофско сфаќање на ситуацијата и медитација. Неоснован страв. Рефлексија.
СКОРПИЈА: Ова е крај на една комплексна синтеза и креација на нова персона. Започнување нов циклус на сочувство и трансформација во ново битие. Репроцесирате како да дејствувате и барате нови начини да се изразите искусно.
СТРЕЛЕЦ: Карма, судбина и индивидуални животни патишта – барајте креативен начин и бидете подготвени за нов предизвик. Соочете се со маката, како и со комплексниот ред на должности и вредности. Време е да се грижите за себеси.
ЈАРЕЦ: Сега е време да се запрашате дали е исправно она што го направивте. Како постапивте и како ги завршивте работите? Обидете се со подлабоко размислување да дојдете до заклучок со кој ќе ги смените работите. Резон.
ВОДОЛИЈА: Интимни и силни врски, како и чувство за должност. Постигнување висок општествен статус, поврзан со задолжувања и самоконтрола. Верувајте си на себеси и користете ги своите таленти – вие знаете како да ја играте играта! Моќ.
РИБИ: Започнување извонредно креативен циклус – инспирација и шанси да ги искористите сите свои потенцијали. Радост, искреност и просветлување, како и добро справување со кризите. Стабилност и истрајност. Спиритуална среќа.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ