Хороскоп: Што велат ѕвездите за празниците
ОВЕН: Со пет небесни тела во знакот на Јарец ќе треба да се приспособите на конвенцијата. Во фокус доаѓаат вашиот шарм, интелигенција и динамизам и сега е добро да ѝ се приближите на личноста која го окупира вашето внимание. Бидете будни за секоја шанса и негувајте лојалност во срцето.
БИК: Ако во вашето срце постои искрено сочувство, ќе успеете да го оттргнете од себе и најупорниот непријател. Марс од Овен сака емоционална сигурност, а Венера од Скорпија внимава на секој ваш чекор – не ви е лесно пријатели. Постои само една солуција: отстранете ги дилемите еднаш засекогаш. Верувајте!
БЛИЗНАЦИ:Ова е период кога може да бидете безволни: воопшто нема да ви пречи ако останете сами со своите мисли и можеби нема да се среќавате со луѓе. Сепак, покажете малку добра волја, особено кон најблиските. Бидете спонтани и неинхибирани и вашата возбуда ќе се пренесе на другите. Без претерувања.
РАК: Месечината, но и останатите планети во Јарец ве задеваат и ги будат вашиот шарм и харизма. Можеби ќе се чувствувате толку сигурно и ќе сакате да го испробате својот шарм на млади и на стари, но не претерувајте! Смирете се малку и намалете го тонот на гласот. Ако треба, дистанцирајте се за кратко. Такт.
ЛАВ: Интересни идеи кои го анимираат вашето внимание: би можеле да се сретнете со некој од своето емоционално минато. Сега сте со силни пориви да се спастрите и ќе си дозволите експериментирање и сексуална слобода. Изразете ги своите емоции, Марс ви дава храброст, но најдете време за патување, романса и среќа.
ДЕВИЦА: Прекрасен период за друштвени згоди – убави изненадувања кои доаѓаат од најнеочекувани места! Можеби сте неподготвени, но сепак исполнети. Сè е како во сон: протријте ги очите, зарем е можно да ве следи толкава среќа? Зрачите со радост и мистериозен сјај кои ги привлекува сите што ги среќавате. Уживајте!
ВАГА: Замислете како да сте турист: дозволете им на другите да ве водат и да ве прошетаат по најубавите места за кои знаат дека постојат. Нема потреба да сте во првите редови цело време. Бидете задоволни и ситуирани во себе, но внимавајте некој да не ја искористи вашата добрина. Разгледувајте повеќе сега.
СКОРПИЈА: Имајте на ум дека не можете да се искачите по љубовните скалила со срце кое што е полно со страв. Всушност, вие сте исплашени да не паднете оттаму и цело време се обѕрнувате наоколу губејќи ја самодовербата. Можеби не може да напредувате повеќе сега, но останете фокусирани на целта. Бидете совесни.
СТРЕЛЕЦ: Верувате ли целосно во она за што се залагате? Ако одговорот е потврден, кажете „да“, без да се двоумите. Конечно ги спојувате и последните парчиња од мозаикот и продолжувате кон хоризонтите што го влечат вашето внимание. Имате големо влијание кое се чувствува надалеку. Потпрете се на пријателите.
ЈАРЕЦ: Ова е период кога ќе сакате да мирувате или барем да направите пауза. Да, динамиката ви одговара, но можеби ќе се сретнете со некој од своето романтично минато и работите ќе добијат друг тек. Бидете решителни и направете брзи промени во интимниот живот. Доаѓате до важни проекти.
ВОДОЛИЈА: Сега веќе ви е преку глава: спремни сте да му треснете врата на минатото и да заминете во непознатиот свет, играјќи како самовила на месечевата светлина. Празниците ќе ги минете во друштвено расположение и ќе излезете од монотоната рутина. Со така позитивен став, зарем може некаде да згрешите?
РИБИ: Како повторно да сте во средношколските денови: инсистирате на тимски дух, заеднички напори и личен интегритет. Дури и да се соочите со тешкотии, држете со до голите факти. Можеби е подобро да се повлечете, отколку да се конфронтирате и на тој начин ги избегнете потенцијалните груби зборови. Идеи.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ