Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Прекрасен ден во кој планетите ве милуваат – по долго време имате чувство дека земате свеж здив и можеби ќе го препуштите водството со цел да се одморите. Пред вас е поле полно со потенцијал, сè што треба е да бидете е поумерени и вашата среќна ѕвезда ќе ве донесе до саканото. Бидете смирени.

БИК: Не дозволувајте им на ситните нагони да ве стават во ситуација да брзате, нема потреба од тоа. Би можеле дури и да се соочите со одреден анимозитет. Пробајте ова да го сфатите како конструктивна критика и не се затворајте во својот свет. Да, добро е да ги браните своите уверувања, но немојте да сте жртва.

БЛИЗНАЦИ: Размислувате за изобилието кое што го имавте до сега, како и креативните проекти. Сметате дека нема потреба за понатамошно објаснување – сè е јасно. Знаете каде е направена чистката и телепатски се разбирате со соучесниците. Дали тие го знаат она што го знам јас? Да, тие го знаат токму тоа, а тоа боли.

РАК: Медитирате како да ги реализирате своите планови – дури и да соработувате со другите, најдобро е да работите во приватност. Се појавуваат нови и свежи идеи, кои би имале далекосежен карактер. Доколку некој ве притисне да донесете некое решение, одбијте го љубезно и пренесете ја идејата понатаму.

ЛАВ: Како прваче чекате шанса да се изразите – се чувствувате блокирано од сосема непознати причини, сега дури ги барате грешките во себе, затворајќи се од светот. Ако сакате совет, еве еден пријатели: набрзо Месечината во Бик ќе ве поврзе со потребните луѓе, а кои ќе дејствуваат брзо и експедитивно. Без очај!

ДЕВИЦА: Вашиот владетел Меркур сега е ретрограден и имате чувство дека не се разбирате со светот – како секој збор да е насочен против вас! Сепак, не е така, важно е да ја смените перспективата и ќе увидите дека луѓето всушност ви даваат свежи идеи како да стигнете да саканата благосостојба. Таа ве очекува.

ВАГА: Како на прекрасен стар мост врз некој убав поток го разгледувате животот, сфаќајќи дека без оглед на сè треба да се продолжи напред. Шанси ќе има, како и средби со помлади луѓе, затоа препуштете му се на животот оставајќи ги сиот стрес и грижи зад себе. Дозволете ѝ на својата зрелост да ви биде пријател.

СКОРПИЈА: Вашата интуиција е нагласена и добро ги сфаќате пораките кои доаѓаат до вас, нема потреба од објаснувања. Видете дали пред светот стоите голи, како во приказната за кралот со невидливата облека и бидете потолерантни кон другите – вие го можете тоа! Контролирајте ги емоциите и останете смирени.

СТРЕЛЕЦ: На материјален план се држите добро – имате солидна основа, вашите работи добро се одвиваат и постојат шанси за напредување. Сепак, не се опуштајте премногу, бидејќи ви е потребен солиден план. Можеби ќе треба да се заземете за имотот што го имате или да изградите нешто ново. Бидете јасни.

ЈАРЕЦ: Најлошото веќе е зад вас, доброволно ја оставате улогата на жртва и се смешкате – сега е добро да ги најдете луѓето со заеднички афинитети, група со која ќе соработувате, а таа може да е и на периферијата од градот. Излезете, прошетајте и уверете се дека постојат креативни потенцијали. Забавувајте се!

ВОДОЛИЈА: Месечината во Бик ве враќа во реалност – зарем токму сега ви текнува каде работите тргнаа погрешно? Консултирајте се со некоја повозрасна личност, која ќе ви каже како стојат работите. Кој е иницијаторот на сето ова? Веќе сте дома, на прагот на откритието, патот е чист, сè што треба е да го минете истото пак.

РИБИ: На работ меѓу сонот и јавето – Марс во вашиот знак ги замаглува границите меѓу световите и иако се трудите најдобро што знаете, сепак не сте во состојба да изберете добро. Ако треба, побарајте совет кој ќе го зголеми вашето разбирање за нештата и ќе ја рашири вашата свесност. Поработете на личниот интегритет.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]