Хороскоп: Прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес

ОВЕН:
Сонцето и Меркур во Водолија ја нагласуваат потребата за промена и сега немате толеранција да чекате работите да се поправат сами од себе. Нема потреба да сте фиксирани на минатото, крајно време е да застанете. Обрнете внимание на својот посед и најдете начин како да го ставите во функција. Наследство.

БИК:
Месечината во Скорпија укажува на тимска работа: работејќи со луѓе и вашите проекти се продлабочуваат и добиваат на важност. Можна е средба со силно интуитивна личност, која би сакала да остане во заднина, а која има нешто многу важно да сподели со вас. Тајни и мистерии од минатото, не откриени сосема. Баланс!

БЛИЗНАЦИ:
Денес ќе извлечете голема поука: Венера и Јупитер од Стрелец инсистираат да ја покажете својата компетентност и да поработите на своите проекти повнимателно. Да, шанси за финансиски фидбек има, но ќе треба да бидете трпеливи за да го постигнете токму тоа. Почитувајте ја конвенцијата и покажете ги своите манири.

РАК:
Планетите во Водолија кажуваат дека ова е ден за осамени активности: добро разгледајте како напредуваат вашите инвестиции и разбудете се од кошмарот. Може да се случи некој да игра зад вашиот грб, а за што ќе треба да се советувате со некој сочувствителен и авторитетен господин. Најдете време за себе и љубените.

ЛАВ:
Бидете спремни, може да ве повикаат секој момент. Можеби не ви е сосема јасно како би постапиле, но не плашете се и не ја губете контролата фокусирајќи се предолго на составните делови на своите проекти. Имате соништа кои ве возбудуваат и не ви даваат да заспиете. Сепак ова е време да се препуштите и бидете водени.

ДЕВИЦА:
Планетите сведочат за некој вид на партнерство, кое бара да биде поставено на здрави основи. Прашајте се што ѝ е потребно на другата страна и видете дали ја имате потребната сила за тоа. Нема потреба да бидете крути и нетолерантни за туѓите сугестии, туку дајте ѝ слобода на секоја единка во вашиот круг – семеен или пријателски.

ВАГА:
Она што ве спречува да напредувате се вашите дилеми и несигурност. Инаку ова е убав период за просперитет. Штом ја надминете несигурноста, тркалото на среќата повторно ќе се заврти во ваша полза. Точно знаете како да се изборите со комплексноста на ситуацијата, затоа не плашете се, промената е навремена.

СКОРПИЈА:
Интуитивни и остроумни, денес ќе успеете да се изборите за своите сакани и блиски. Нема да дозволите да потклекнете под нечија тиранија и преголеми должности, направете подобар распоред и спасете се од колапс. Отфрлете го она што не му дава сјај на вашиот живот и не заглавувајте во исти шеми кои се повторуваат.

СТРЕЛЕЦ:
Иако од вас се бара да дејствувате, сепак ова е време за посматрање: има ли пилот во авионот? Планетите во Водолија ве повикуваат на објективност и рационалност, особено при справувањето со некоја деликатна тема или соочувањето со госпоѓа која што има вредни идеи. Како да дојдете до неа? Истражувајте!

ЈАРЕЦ:
Ова е поволен период во кој што може да напредувате, но внимавајте на можната анксиозност или конфузија. Треба добро да знаете каде да стапнете, а не само да прескокнувате чекори како да сте на минско поле. Сонцето во Водолија ве повикува на непристрасност и ослободување од нормите, затоа прифатете ги промените.

ВОДОЛИЈА:
Нема потреба да се ситничарите пријатели, та не сте тука на пазар! Иако ова е малку мачен период, сепак потпрете се на својата хумана и пријателска страна и ќе успеете да поставите здрави граници. Средба со возбудлива машка личност, која што има силен креативен гениј. Обидете се да не ја пропуштите оваа шанса. Заштита.

РИБИ:
Период за реставрирање на силата, но вие сте вредни како пчела и барате начини како да се одржите. Ова се екстремно важни времиња пријатели, и бараат лојалност и трпение. Бидете умерени и не прикажувајте ги сите свои идеи. Некогаш тврдината се освојува со војна, а некогаш со глад. Сменете тактика. Успех!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com