„Хонда џез„ и „хонда цивик“ во новата наградна игра на „Макпетрол“

Корисниците на „Верна “картичката на „Макпетрол“ и годинава можат да добијат награди во вредност од 55,5 илјади евра. Награднта игра „Верна повторно наградува“, започна на први март и ќе трае до 10-ти декември годинава. Со полнење на гориво и купување производи на бензинските станици и продажните места на „Макпетрол“, за секоја поединечна трансакција за која корисникот на картичката ќе добие 10 или повеќе поени, се квалификува за награда.

Награди ќе се извлекуваат во 8 редовни кола, 4 мастер кола и едно финално мастер коло а највредните награди се два скутери „хонда“, чамец со приколка, како и два автомобили – „хонда џез“ и „хонда цивик“.

„Колку квалификувани трансакции направиле учесниците во тековното коло, толку шанси имаат да бидат извлечени“, рече Љупчо Георгиевски, директор на дирекцијата за малопродажба на „Макпетрол“.

Оние потрошувачите кои немаат Верна картичка, можат да пополнат податоци во најблиската бензинска станица, и со првата трансакција од 10 поени ќе станат и дел од наградната игра.