Хедер Нојерт нов амбасадор на САД во ОН
Според „Фокс њуз“, ваквата одлука Трамп ќе ја објави денеска.
Сегашната американска амбасадорка во Светската организација Ники Хејли поднесе оставка во октомври, по 18 месеци минати на функцијата. Се очекува таа да се повлече од должноста во јануари.
Нојерт, која е поранешен дописник и водител во телевизијата „Фокс њуз“, нема претходно политичко или раководно искуство.
Таа е портпарол на Стејт департментот од април 2017 година, а оваа година беше назначена за помошник-секретар за јавна дипломатија и јавни работи.