Хашим Тачи: Косово што е можно поскоро ќе има своја војска
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека е одлучен во тоа Косово, што е можно поскоро, да добие своја војска.
Тој вели дека стратегиските партнери на Косово и НАТО во целост го поддржуваат тој процес.
– Косовските безбедносни сили ги завршија сите подготовки за трансформација во вооружени сили – истакна Тачи на парадата на Косовските безбедносни сили, по повод годишнината од прогласувањето независност на државата.