Харадинај: Таксата нема да се укине!


Косовскиот премиер Рамуш Харадина, по денешната средба со амбасадорите на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, изјави дека таксата што неговата Влада ја воведе за производите од Србија и Босна и Херцеговина нема да се укине и нагласи дека прехранбените продукти се загарантирани за сите во земјата.

Харадинај ги информирал амбасадорите од „петорката“, односно од најмоќните држави акредитирани во земјата, за последните политички збиднувања, нагласувајќи дека неговата влада „била принидена да ја преземе мерката за 100 отсто зголемување на таксите поради постојаните пречки кои ги создава Србија кон Косово“.

Според косовскиот премиер, политичката и безбедносната ситуација во земјата е стабилна и „Владата на Косово е посветена на зачувувањето на редот и мирот за сите граѓани на Република Косово“.

Тој ги отфрли како невистинити информациите за наводна хуманитарна криза во северниот дел на Косово.

– На граѓаните на Косово, без оглед на местото на живеење и етничката припадност, нема да им недостасува ниеден од основните прехранбени продукти и никаква медицинска услуга. Изјавите на срските политичари се уште само едно пропагандно дејствие, кое е невистинито и неприфатливо за реалноста во земјата, изјави Харадинај, нагласувајќи дека мерката за таксите на српските производи ќе останат во сила „до исполнувањето на објективите на Владата на Република Косово“.