Харадинај се закани: Има и полоши мерки од таксите за Србија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави денеска дека Приштина, покрај таксите од 100 отсто на производите од Србија, може да преземе и уште полоши мерки.

Тој во интервју за албанската телевизија А2 истакна дека постојат и други акции кои можат да се спроведат, а кои не се поврзани со тарифи.

– Ќе видите какви, кога ќе се случат, нагласи Харадинај, без да прецизира за што станува збор