Хан: Средбата Заев – Ципрас е многу добра вест
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан ја поздрави вчерашната средба на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, оценувајќи ја како многу добра вест.
– Средбата покажува храброст, визија и државотворност. Решавањето на ова прашање кое трае премногу долго ќе биде добро за двете земји, за регионот и за Европа, напиша Хан на својот налог на Твитер.
Еврокомесарот Јоханес Хан кој учествува на Светкиот економски форум во Давос, како што е најавено, треба да има средба со македонскиот премиер Зоран Заев.