Хан: Сега треба лидерите на Западен Балкан да ја преземат топката


Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска нагласи дека Европската комисија со Стратегијата за проширување нацртала јасен пат кон посилна и поширока Унија.

– Сега е ред лидерите на државите од регионот да ја преземат топката, нагласи Хан, претставувајќи го Пакетот проширување пред пратеници од Надворешнополитичкиот одбор на ЕП.

Тој додаде дека остварениот напредок на државите од Зпаден Балкан покажува дека политиката на проширување на ЕУ дава резултати, но дека нема време да е задоволна со постигнатото, туку мора да се продолжи со работата.

– Со Стратегијата за проширување зацртавме јасен пат кон посилна и поширока Унија и во детали е наведено што одделни држави мора да направат. Сега на ред се лидерите од тие држави да ја преземат топката и да трчаат со неа, наведе Хан.

Еврокомесарот нагласи дека извештајот на ЕК јасно ги наведува клучните предизвици што државите од регионот мора да ги решат за да напредуваат.