Хамилтон со пол-позиција за ГП на Австралија


Луис Хамилтон со Мерцедес забележа најдобро време во квалификациите за Гран При на Австралија. Така британскиот пилот ја освои седмата и рекордна пол-позиција на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн, надминувајќи го во рангирањето легендарниот Аиртон Сена.

Хамилтон го освои првото место на стартната линија во последната брза обиколка, при што забележа време од 1:22,824 минути. Резултатот му беше за 0,272 секунди подобар од оној на Кими Раиконен од Ферари.

Клубскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас имаше несреќа уште во почетокот на третиот дел од квалификациите и на крајот остана само десетти. Себастијан Фетел со Ферари е на третата позиција. По него се наредија двајцата пилоти на Ред Бул Макс Верстапен и Даниел Рикардо.

Рикардо сепак нема да стартува од петтата позиција, туку од осмата. Вчера тој беше казнет со враќање за три места на стартната линија поради прекршување на правилата при црвеното знаме за време на вториот тренинг.