„Хавана“ со уште еден рекорд: Кабело има најпуштана песна на „Спотифај“ од поп-пејачките
САД – Неверојатно певливата песна „Хавана“ на Камила Кабело скрши уште еден рекорд Синглот, кој има над 888 милиони прегледи, сега е најпуштаната песна на „Спотифај“ на сите времиња од женски соло артист, објави „Билборд“. Американката со кубанско потекло е првата латино соло изведувачка која го постигнала овој рекорд. Претходно рекордот го држеше Сиа со песната “Cheap Thrills”.
Новиот рекорд е само најновата пресвртница за Кабело. Во јануари нејзиниот албум стана првиот деби албум од женски изведувач што се најде на првото место на листата на 200 најдобри албуми на Билборд за последните три години. Истиот месец, „Хавана“, исто така, помина седум недели на врвот на радио листата на Билборд поп песни, што најдолго за еден соло женски изведувач, од хитот на Тејлор Свифт “I Knew You Were Trouble”.
Но, очигледно не сите очекуваа песната да биде толкав хит. Во јануари – кога песната беше број 2 на Билборд Хот 100 во текот на 21 седмица, според „Комплекс“ – продуцентот на песната, Френк Дукес, напиша на Твитер дека за песната имало многу сомнежи на почетокот.
Кабело подоцна изјави дека тоа било „неверојатно изненадување“ кога „Хавана“ се нашла на првото место на Билборд Хот 100 листата.