Фудбалерот Озил го поканил Ердоган да му биде кум


Истанбул – Поранешниот германски репрезентативец, Месут Озил ќе жени ова лето, а, според турските медиуми,тој лично го поканил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да му биде кум.

Фудбалерот на Арсенал ќе се венча со неговата девојка Амин Ѓулше, која веќе еднаш ја откажа свадбата. Тие требаше да се венчаат во септември во шведски замок, но актерката изјави дека не сака да се мажи.

Сепак, сега работите изгледаат сигурни и затоа Озил го поканил Ердоган. Ова се случило вчера, на средба на аеродромот во Истанбул.

Пред почетокот на минатото Светско првенство, Озил беше фотографиран со Ердоган, а тоа предизвика големо незадоволство кај јавноста во Германија.

По неуспехот на Светското првенство, играчот од средниот ред се повлече од Бундестимот, незадоволен од односот кон него