(ФОТО) Тврдокорните протестираа против законот за јазици

Македонското патриотско здружение „Тврдокорни“ и Македонските обединети сили денеска организираа протест пред Собранието на Република Македонија против законот за употреба на јазиците.

Тие сметаат дека со него се воведува двојазичност, се губи македонскиот карактер на државата, но и самата држава.

Забележаа на немањето дебата по, како што рекоа, вака суштинско прашање, но и поради отсуство на интелектуалци, академици, правници, борци…да го кажат својот став и да застанат во одбрана на татковината.

Со потези како овој, порачаа од протестот, се дели и она парче земја кое им останало на Македонците.

фото: Борис Грданоски